Најголемиот проблем кој го имаат пациентите со Хепатит е терапијата, па затоа голем дел од нив стигнуваат и до трансплантација, велат од Хепар Центарот од Битола. Постојат повеќе видови терапија која го елиминира овој вирус, па затоа пациентите бараат да биде достапна и во Македонија. Надлежните инстититуции им ветиле инвестирање и набавка на лековите.
-Треба да биде инвестирано, посебно во Херпатит Ц. Ќе се набави терапија за најризичните пациенти, за да не дојде до трансплантација. Во Битола имавме трансплантација на младо 25-годишно дете, замислете од Хепатит Б. Ние инстистираме терапијата за Хепатит Б која не е ни нова, не е ни иноватовна да биде на позитивната листа, бидејќи си дозволивме да стигнеме до степен млади луѓе од 20-25 години да одат на трансплантација, за што нема ни потреба. На запад, овие случаеви брзо и лесно се санираат, која не е современа, а ја има, вели Милан Мишковиќ од ХЕПАР ЦЕНТАР Битола.
Треба да се работи на подигнување на свеста кај граѓаните за да се ослободат од стигмата кон Хепатитот, кој претставува глобален здравст6вен проблем.
-60% од малигните заболувања на црниот дроб глобално се јавуваат како резултат на задоцнето тестирање и третирање на Хепатитисот. Токму заради тоа е и овој настан, да се подигне свеста кај населението, навремено да се тестираат, а со тоа и да се лекуваат, вели Д-Р Светлана Поповска Кљусева, специјалист по епидемиологија во Центар за јавно здравје Битола.
Денешната крводарителска акција и анонимното бесплатно тестирање за Хепатит се во пресрет на утрешниот Светски ден за борба против хепатитот.