Наместо официјални соопштенија што и како ќе се прави со клиничкиот центар, каква е состојбата или било какво образложение пред граѓаните на Македонија, одеднаш „проблемот“ клинички центар од рацете на Филипче, актуелниот министер за здравство се селат во рацете на владата. Каде Заев заедно со министрите ќе одлучуваат и ќе се договараат како и на кој начин средствата кои ќе се добијат од банката за развој, средства кои претходната владеачка гарнитура ги договори за реконструкција и реновирање на клиничкиот центар, ќе бидат потрошени, да не речеме поделени.

Сега вака стојат работите, владата не го зголемува износот за заем од оваа банка во име на градење на клинички центар на друга локација туку останува на првичните 97 милиони евра кои се како договорен износ и со нив сега „решава“ што ќе прави, односно тие средства каде и по кои џебови и како ќе завршат. Бидејќи само за потсетување, новиот клинички центар кој го ветуваше и на големо го збореше оваа владеачка гарнитура, заевистите, беше дека клиничкиот ќе се гради на локација кај Бардовци населеното место, надвор или близу надвор од градското подрачје и ќе чини приближно 500 милиони евра.

Ова ние граѓаните го немаме заборавено како дадено ветување. Освен тоа беше зборено дека нов клинички треба веднаш и одма не да се чека потребен е на македонскиот пациент и така натаму, но сега ништо од тоа нема. Сега се споменува дека ќе има нова локација, во општина Карпош, локацијата не се јасно дефинира, згора на тоа се посочува дека ќе се земат средствата тие 97 милиони евра и дека ќе се започне со градба на „да речеме“ нов клинички центар, кој изгледа е фиктивен бидејќи за 97 милиони евра според нивните калкулации влезната врата и оградата ќе ја постават и толку, од каде никој не кажува дека ќе ги добават останатите 403 милиони евра за завршување на „нивната идеја“ „нивниот“ клинички центар, бидејќи никој тоа не го образложува ние граѓаните на Македонија го бараме како објаснување од министерот за здравство или од владата на Македонија.

Најстрашното од се е итноста на целиот овој објект, првично беше поставена и етикетирана голема итност за „спасување “ на клинички за потоа да биде изјавено од министерот дека не се брза не е толку итен клиничкиот центар за пациентите и граѓаните, има време, ќе се направи. За сега на крај да ја слушнеме последната информација како план на владата за клиничкиот центар, прво дека за да може да се изнајде „соодветна“ локација за клиничкиот потребни ќе бидат околу 2 години и истата да се подготви за работа, за „потоа“ да се започне со работа и изградба на клиничкиот центар во наредните 5 години.

Тоа значи дека ако оваа влада и овој министер останат наредниве 7 до 10 години пациентите и граѓаните на Р. Македонија ќе добијат клинички центар со сите „нишани“ според оваа власт, во спротивно, ќе си ги земат и „стопат“ тие 97 милиони евра и истите ќе ги волшебно „снема“, а граѓаните ќе се надеваат на нов клинички центар кој според сите анализи и согледувања до сега поврзани со оваа влада и владеачка гарнитура нема никогаш да се случи. Само заемот ќе го снема и ќе остане кредитот за плаќање на терет на тие кои нема да имаат баш никаков бенефит од потрошените средства. – посочија граѓаните и растревожено реагиираа во нашата редакција

Во продолжение како власта го гледа тоа и како го лиферува како информација, како да е уште една од приказните на Езоп или браќата Грим, но посекако не е вистината и тоа што го заслужуваат граѓаните на Македонија. Повелете прочитајте ги најновите манипулации од власта:

Министрите во Владата на Република Македонија денеска ќе го разгледаат Предлог – законот за изменување на Законот за задолжување на Република Македонија кај Банката за развој при Советот на Европа по Рамковниот договор за заем за финансирање на Проектот за изградба и модернизација на клиничкиот центар Мајка Тереза во Скопје и регионалната клиничка болница во Штип.

Пред три години Собранието го усвои Законот за задолжување на РМ кај Банката за развој при Советот на Европа кој е услов за склучување Рамковен договор за заем за финансирање на Проектот за изградба и модернизација на клиничкиот центар Мајка Тереза во Скопје и Регионалната клиничка болница во Штип, но актуелната Влада има друг план и смета дека е попрактично Центарот да се изгради во Бардовци крај Скопје.

Заемот е во износ од 97 милиони евра, со рок на отплата од најмногу 20 години, со грејс период од 5 години. Првата транша требаше да се повлече во рок од 12 месеци од влегувањето во сила на Рамковниот договор за заем и не требаше да надмине 50 проценти од вкупниот износ на заемот.

Тогаш пратениците од ВМРО-ДПМНЕ оценија дека реализацијата на проектот ќе даде значаен придонес во спроведување на здравствените реформи преку креирање нова мрежа современи регионални болници и обезбедување оптимални услови за терцијарната здравствена заштита согласно европските стандарди.

Инаку министерот за здравство, Венко Филипче неодамна објасни дека, новата локација е избрана во договор со Асоцијацијата на архитекти и Клинички центар треба да биде лоциран таму.

– Очекуваме дека за две години, Општина Карпош и Градот Скопје ќе го подготват теренот за да се почне со изградба на габаритен објект кој би се градел околу пет години. Разгледувавме неколку локации кои се доволно големи, каде што освен зградата на Клинички центар ќе се сместат и Медицинскиот факултет, истражувачки центар и кампус за студентите по медицина. Сакаме да добиеме еден систем кој на некој начин ќе биде мал медицински град, ќе биде достапен лесно за граѓаните на Скопје и целата држава, со соодветни пристапни патишта , додаде Филипче.