Деновиве гледаме молк од Шеќеринска, нервоза од Шапуриќ и молк од Мултикултур невладината од Тетово, ова денеска на прес конференција го потенцираше Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.
-Но, затоа пак медиумите објавија дека покрај 400.000 денари кои ги доделила Радмила Шеќеринска на невладината на Зоран Шапуриќ нејзиниот колега и Мила Царовска на невладината на својот колега Шапуриќ доделила грант во вредност од стотици илјади денари. Замислете порано се стимулираа фирми за да отвораат нови работни места, а сега се стимулираат невладините организации на министрите на СДСМ. Лицемерно, долно и ниско. Граѓаните трпат за леб, а министрите на СДСМ си ги делите парите на граѓаните. Господине Шапуриќ, почитувана Царовска, Дали и колку пари е доделено од Министерството за труд и социјала на невладината организација од Тетово Мултикултура од која што дел е и министерот Зоран Шапуриќ? Дали ќе и се извините на јавноста и ќе ги повлечете грантовите кои ги доделивте на Шапуриќ? Наместо да се извините за ова што и го правите на државата и на граѓаните, уште и се заканувате по медиуми и партии што ги обелоденуваат вашите скандали. НЕ! Никој не ви се плаши и никого нема да исплашите и немој ни случајно да помислите дека со закани за тужби некого ќе замолчите да говори за вашиот очигледен неетички, неморален и недомаќински чин. Граѓаните не можете да ги исплашите и замолчите да бидат револтирани од вашите скандали, бидејќи тие пари кои си ги префрлате меѓу вас се пари на граѓаните, истакна Арсовски.
Тој додава дека очигледно е дека штом дел од нив молчат, а дел од нив се инволвирани во скандалите се заканувате, тие ја признаваат вината за овој скандал.
-Царовска, според членот 353 јасно пишува во кривичниот законик дека следува кривично гонење за злоупотреба на службена должност. Јавното обвинителство се уште е на потег и се уште може да ги сотре овие можни коруптивни скандали. Слободно охрабрете се и слободно сотрете ги овие криминал и корупција што ни царуваат во Владата како никогаш до сега. Тоа ви е работа впрочем На крајот, само да ви порачам граѓаните и Република Македонија ќе победат!, вели Арсовски.