Метеоролозите препорачуваат во текот на следните денови да се пијат повеќе течности и да не се изложува директно на сонце.
Наредните денови ќе продолжи релативно спарно и мачно време со зголемена влажност во воздухот во вечерните и ноќните часови, а времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, а особено на планинските места на запад ќе има услови за краткотраен локален пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот, информира метеорологот Славчо Попоски.
Од вторник ќе се зголемат условите за нестабилност како и за локално невреме.
Најтопло ќе биде кон средината на новата недела кога максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 37 степени.
УВ индексот ќе има многу висока вредност и ќе изнесува претежно коефициент 8 а понекаде и 9.