Во Општата болница во Охрид повторно е ставен во функција апаратот за компјутерска томографија, информираат од Министерството за здравство. Апаратот десет месеци не функционираше поради дефект на РТГ цевката, која сега е заменета.
Од Министерството посочуваат дека пациентите во Општата болница Охрид повторно ќе имаат можност за да направат компјутерската рендген дијагностика која припаѓа на најпрецизните видови на истражување и овозможува брзо добивање на резултати.
Годишно во Oпштатa болница во Охрид се прават околу 4000 КТ снимања.
Охридските пациенти мораа да чекаат 10 месеци за да може да се направи РТГ цевката, која според неофицијални извори требало да стигне после првиот месец од порачката меѓутоа добавувачот успеал во неколку наврати да го пролонгира испраќањето на цевката со што се случило ова што го имаме денес, после 10 месеци да се дојде до поправен апарат. Доколку се направи проста математика 3333, 3 пациенти не ја добиле бараната услуга и морале да обезбедат КТ снимање на друго место.
Тука се наметнува прашањето за способноста и умешноста на раководење и менаџирање на министерството за здравство бидејки не можело ли министерот да го контактира добавувачот директно, да го запознае со итноста на ситуацијата и при тоа доколку повторно не може да се обезбеди ништо во тој случај да се организира транспорт од кај добавувачот до Македонија во најкраток можен рок со луѓе од министерството пратени со цел да го транспортираат и донесат делот.
Но, за жал ништо од тоа не се случи, 3333,3 пациенти не добија услуга, министерот заинтересиран е само за тендерите и провизиите околу нив, па поради тоа и македонскиот пациент за услуга од ваков тип во охридскиот регион чека повеќе од 10 месеци.
Истражувајќи на википедиа дојдовме до информација дека оваа РТГ цевка не би требала да биде поголема во дијаметар од 50 микрометри, што реално е со димензија помала од кутија цигари. Транспортот би можел да се организира преку амбасадата со луѓе од министерството до Охрид и македонските пациенти да не бидат лишени од можноста да направат компјутерска томографија во овој меѓу период на чекање од 10 месеци.
Дали ги читаш овие работи министре, Филипче? Има и други начини на работење и функционирање на министерството освен тој на кој си ти научен или ти го наметнуваат колегите, зар не?