Од 1.500 до 4.548 денари ќе изнесува во просек покачувањето за 5 проценти на платите на 19.123 вработени во јавните здравствени установи, согласно вчерашната владина одлука која денеска на средба со ресорниот министер Венко Филипче ја поздравил претседателот на самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита на Република Македонија, Љубиша Каранфиловски, соопшти Министерството за здравство.
Според симулациите на Министерството низ апсолутни бројки за покачувањето на бруто платите, докторите специјалисти на универзитетските клиники за хируршки болести ќе добијат повисоки плати во просек за 4.548 денари, а докторите специјалисти на универзитетските интерни клиники во просек за 3.756 денари.
Лекарите специјалисти во општите болници ќе земаат плата поголема за околу 4.060 денари, а покачувањето за средно-медицинскиот кадар во универзитетските клиники и општите болници ќе биде за околу 1.500 денари.
„Со потпишување на Спогодбата ќе се зголемат платите на сите вработени во јавните здравствени установи. Зголемувањето ќе започне да се применува со исплатата на септемвриската плата и тоа значи реализација на уште една точка од Програмата за работа на оваа Влада на Република Македонија”, соопшти Министерството за здравство.
Сето ова ќе беше точно доколку народот има амнезија и не се сеќава на предизборните ветувања во кои оваа влада на чело со Заев ветуваше покачување од цели 13% веднаш штом ќе стапат на функција. Што значи дека првиот дел од ова дадено ветување не е исполнето, второ наместо во старт цели 13% здравството добива само 5% покачување и тоа по неполни две години откако дојде на власт СДСМ.
Народот не заборава и нема амнезија, г-не Филипче, министерството неможе и до кога ќе биде полтрон и марионета во рацете на владата и дадените ветувања ќе ги преиначува и ќе ги прави како реализирани кога воопшто не е така – посочија граѓаните