Стојановска: Наместо бесплатно болничко лекување со Филипче добивме само „тендер министер“

Пратеничката Дафина Стојановска денес до министерот за здравство Венко Филипче упати прашање за големото ветување на СДСМ во предизборната кампања, а тоа е бесплатното болничко лекување за сите граѓани на…

Пратеничката Дафина Стојановска денес до министерот за здравство Венко Филипче упати прашање за големото ветување на СДСМ во предизборната кампања, а тоа е бесплатното болничко лекување за сите граѓани на Република Македонија.

Имено, Стојановска го потсети Филипче на сите ветувања како што беа зголемување на дневниците за дежурства на лекарите, покачување на платите за лекарите, инфраструктурни проекти во здравството. Стојановска нагласи дека се што денес гледаме се само бројни скандали и зголемен број на смртни случаи. Таа додаде дека наместо посветен и квалитетен министер кој што требаше да спроведе бесплатно болничко лекување добивме само „тендер министер“.

 


Related Articles