Над седумдесет лекари од Македонија, Австрија, Албанија, Бугарија, Србија, Хрватска, Словенија, Австралија, Црна Гора и Турција, презентираа новини во превенцијата, дијагностиката и третманот кај децата во рамки Балканска школа за педијатри.
Организатор на школата е Здружението на педијатри на Македонија, а оваа тридневна стручна работилница треба да поттикне размена на знаења и искуства помеѓу стручниот кадар од Македонија и Европа во областа на педијатријата.
„Школата даде единствена можност лекарите и помошниот медицински персонал одблиску да се запознаат со меѓусебните практики, пречки, но и стимули во секојдневната работа. Имаше излагања и предавања од превентивна педијатрија со имунизација, кардиологија, пулмологија со алергологија, неврологија, гастроентерохепатологија, хематоонкологија како и интензивна нега и реанимација“, велат од Здружението на педијатри на Македонија.
На првата Балканска школа присуствуваше и д-р Валтер Клепетко, професор на Медицинскиот универзитет во Виена, кој во светот е познат како хирургот кој му даде втор живот на легендарниот возач на Формула 1, Ники Лауда.
Тој пред две години ја направи прватa трансплантација на бели дробови на пациентка од Македонија, односно тогаш 19-годишната Ангела Блажевска, која на отворањето на школата и лично му се заблагодари на докторот за новиот живот што го живее.
Но и покрај тоа никој не проговори за условите во кои треба да се одвиваат сите овие процеси, постапки, сложени лечења на дацата како пациенти. Каде е да се дискутира на школата за педијатрија за ова прашање, изминативе денови. И покрај тоа што упатените во состојбите во македонското здравство ќе посочат дека клиниката за детски болести во Македонија како најголем центар за згрижување на болни деца, не располага со основните средства за секојдневно нормално функционирање.
Како и фактот дека депонијата која ја крие подрумот на клиниката за детски болести е само уште една од низата работи кои надлежните од оваа клиника заедно со министерот за здравтсво Венко Филипче изумија да ги посочат и да разменат искуства да прашаат што да прават со тоа, Кои се искуствата на Европа со таа практика? Не успеаа да споменат, па по потреба може и помоше ќе била понудена.
Каде е министерот Филипче, да ги сподели тие искуства да ги размени и побара совети за ситуациите со кои се соочува оваа клиника во моментот. Децата на Македонија ги згрижуваме и им помагаме на нивното здравје во оваа институција. Каде е министерот да одговори или да проговори за ова прашање, па сходно на тоа и да најде одговор, односно решение?