Секој трет жител на Македонија е подложен на алергии. Точните причини за ова не може да се детектираат иако се знаат дел од факторите меѓу кои е аерозагадувањето кое во зимските месеци е особено изразено во главниот град.
Еден од водечките алерголози во Македонија доктор Дејан Докиќ апелира до граѓаните во претстојниот период да внимаваат на својот имунитет, бидејќи следува дел од годината во која владејат гриповите. Докиќ исто така апелира луѓето да внимаваат на исхраната, но и многу почесто да имаат физички активности.
Иако дел од актулната владеачка гарнитура во својата кампања промовираше спас за граѓаните на Скопје од аерозагадувањето кое е се пострашно и поголемо посебно во главниот град. Од тоа ништо не се случи, спас не донесоа, се остана исто, на граѓаните им престои уште едно зимо и уште една битка со ПМ честичките во деновите на поголема загаденост.
Каде е Филипче, како министер за здравство да ги посочи и предочи мерките кои ќе се превземат за да им помогнат на граѓаните или да им понудат совети како да се заштитат? Каде е градскиот татко Шилегов кој беше најгласен во кампањата токму за ова прашање, кое е решението кое тој ќе го понуди?