Само неколку кикирики дневно можат да го намалат ризикот од сериозни болести. Истражувачите успеаа да ја потврдат врската меѓу кикириките и здравиот живот.

Тие велат дека со само 10 грама дневно можете да го намалите ризикот од болести на респираторните патишта, дијабетес, рак и кардиоваскуларни болести.

Ефектот на кикириките е еднаков и за жените и за мажите.

Научниците од Харвард 22 години следеле 6.000 лица со дијабетес тип 2, кој го зголемува ризикот од срцев удар или шлог. Тие морале да бидат на специјална диета и четири години пополнувале формулари за своето здравје.

Кога научниците ги виделе резултатите откриле дека оние кои јаделе кикирики биле заштитени од срцев удар и шлог. Вистинско изненадување е дека ризикот бил намален за 44 проценти.

Кикириките содржат многу состојки, како што се здрави масти, витамини, влакна, антиоксиданти кои го подобруваат одбрамбениот систем на телото.

Овие 12 својства на кикириките ги прават доста корисни за вашето здравје и убавина.

1. Добри се за здравјето на срцето

2. Ја зајакнуваат енергијата

3. Помагаат при слабеење

4. Помагаат во борбата против рак

5. Спречуваат камен во жолчката

6. Го подобруваат помнењето

7. Помагаат во борбата против депресија

8. Добри се за здравјето на бремени жени

9. Спречуваат Алцхајмерова болест

10. Ја прават кожата блескава и затегната

11. Го спречуваат губењето на косата

12. Спречуваат бори и стареење