До сега во периодот што измина од 2018-та година откриени се два и пол пати повеќе илегални мигранти отколку во истиот период лани. Иако балканската рута не е веќе главната патека на мигрантите кон западна Европа како пред три години, таа сепак останува жива. Мигрантите ги користат криминалците кои преку нивната судбина вршат трговија со луѓе, а со злоупотреби и посериозни кривични дела.
Стојановски на Третата сесија на Работната група 4 за поглавјето 24 од пристапните преговори рече дека само во август биле откриени 4200 илегални мигранти, што е речиси двојно повеќе отколку претходниот месец и месечниот просек оваа година. Професорите и експертите разговараа за безбедносниот предизвик од состојбата со мигрантите од Средниот Исток.
Миграцијата според нив стана политички проблем, поради кој во повеќе земји се појави раст на популистичките партии поради што уште потешко е да се направи единствен стандард во решавањето на состојбата.