Војничката диета подразбира строг режим на исхрана до кој морате точно да се придржувате доколку сакате вагата навистина да покаже и до 4 килограми помалку, за само три дена. Не обидувајте се да прескокнувате оброци или одредени да ги замените со други, затоа што тоа може да не ви даде задоволителни резултати. Затоа, многу е важно целосно да го следите овој распоред.
Потребно е секој ден да вечерате во исто време, без разлика дали сте гладни или не. Утврдете некој свој распоред и придржувајте се до него. Со диетата се препорачува умерена физичка активност и пиење повеќе количество вода. Од зачини се дозволени само сол и црн пипер.
Прв ден
Појадок: Половина грејпфрут, парче тост со две лажици путер од кикирики, незасладено кафе или чај.
Ручек: 115 грама туна, парче тост, незасладено кафе или чај.
Вечера: 80 грама од кое било месо, 100 грама грашок, половина банана, мала јаболка и 300 грама сладолед од ванила.
Втор ден
Појадок: Јајце, половина банана, парче тост.
Ручек: Свежо сирење, тврдо варено јајце и пет солени крекери.
Вечера: Две виршли без леб, брокула, 115 грама рендан морков, половина банана и 100 грама сладолед од ванила.
Трет ден
Појадок: Кафе или чај со една до две лажички шеќер, пет солени крекери, 30 грама сирење и една мала јаболка.
Ручек: Тврдо варено јајце и едно парче тост.
Вечера: 115 грама туна, половина банана и 200 грама сладолед од ванила.