Завршија зимските денови, аерозагадувањето веќе не е топ тема, граѓаните заборавија и сега и не е толку битно каков квалитет на воздух имаме/дишеме, ниту пак даденото ветување од владеачката гарнитура дека ќе се обезбеди поквалитетен воздух (ветување дадено во празно) каде е, кога ќе го добиеме тој поквалитетен воздух што беше ветуван и дали во перидот кој следи ќе имаме пониско ниво на штетни ПМ 10 честички во воздухот или не? Отворени се многу прашања, на кој одговор нема ни градскиот татко, ниту пак има престава некој во владата како и на кој начин даденото ветување ќе го исполнат, а можеби и нема, па кој се сеќава, кој памти, на кого ќе му текне што се е ветено во кампања, битно беше да се дојде на власт, се ветуваше нормално, се и сешто!
Од еколошките организации велат дека загадувањето на воздухот останува како проблем, со тоа што кулминацијата ќе следи на есен и во зима.
„Не е точно дека загадувањето го снема. Главен фактор се големиот број на возила кои се стари. Водно малку помага кога ќе дувне ветер за расчистување на воздухот. Во летото ќе биде помалку загадено, нема некои бурни промени, но во есен и зима ќе се почувствува загаденоста повторно“ велат граѓаните на Скопје кога ги прашавме.
Борис Стојаноски од еколошкото друштво „Грашница“ од Охрид вели дека во различни региони загадувањето е различно, но треба да се направат напори оваа состојба да се надмине.
„Аерозагадувањето е една приказна која си има континуитет. Ќе има поголем интензитет во зимските месеци поради греењето и издувните гасови од моторните возила. Сега треба да има мерки за домаќинствата, и да се постават филтри на фабриките, но да не биде тоа политички“- вели Стојаноски.
Тука се наметнува прашањето кој го измисли сето ова и дали е вистина или беше само трик на СДСМ да промовира живот, нуди живот и со тоа ги изманипулира граѓаните за да дојде на власт, бидејќи пред 15-20 години не се греевме на дрва, немаше домаќинства што палеа шпорети на дрва, некои од нив дури на нафта, па никој не збореше за загадување, маглата на никого не му сметаше и никој не се бунеше, никој не измисли дека немаме живот, па сега да ни го донесе или тогаш. Од каде се појави сето ова и ако е вистина, зошто актуелната власт се однесува ноншалантно додека граѓаните и понатаму се гушат?
Според податоците на мерните станици на Министерството за животна средина, синоќа високо загаден беше воздухот во Тетово и Куманово. Средно загадени беа Гостивар, Битола, делови од Скопје и Кочани. Ниско загадени беа Струмица, Кавадарци, Дебар, Кичево, Велес и делови од главниот град. Во повеќето општини штетните ПМ10 честички се движеа од 50 до 60 на метар кубен, што во зимските месеци се искачуваше и над 200. На 29 јануари годинава Скопје се најде во топ 5 најзагадени градови во светот со што беше достигнат пикот.