Кога сме настинати, инстинктивно посегнуваме по поголеми количини цитрусни овошја и чаеви, со цел да спречиме да ни стане полошо.
Но, овие намирници повеќе помагаат при бактериски инфекции и пад на имунитетот.
Еве кои се другите продукти кои не само штошто не помагаат, туку може и да го отежнат или одложат закрепнувањето.
1. Шеќер – при настинка сосема е непотребно да се консумираат шеќери, што значи дека треба да го избегнувате кога пиете чај, а индустриските сокови не треба да ви паѓаат ни на крај памет.
2. Киселини – цитрусите се богати со витамини кои би помогнале во закрепнувањето, но содржат и киселини кои би го уништиле целото тоа дејство. Користете ги во комбинација со други овошја за да направите свежо цеден сок или смути, за овие киселини да се разредат.
3. Кофеин – бидејќи кофеинот е диуретик, може да предизвика дополнително губење течности во веќе исцрпениот организам. Избегнувајте кафе и зелен и црн чај.
4. Заситени масти – тие се тешки за варење и метаболитичките процеси. При преладеност, потребно ви е метаболизмот да работи со целиот капацитет.