Во Македонија има околу 6.000 глуви и наглуви лица, а голем проблем со кој се соочуваат сите овие лица е комуникацијата.
Овие маргинализирани лица секојдневно се борат со предизвиците, проблемите со кои се соочуваат овие лица треба да биде предмет на размислување на министерката Царовска, не посветувањето на кампањата за референдумот – посочија подобро упатените.
Тие се борат во иднина да има изедначување и третирање еднакво како за сите инвалиди, така и за нив.
Томица Стојановски в.д. претседателот на Националниот Сојуз на глуви и наглуви на Република Македонија на одбележувањето на Светскиот ден на глуви и наглуви и 70-годишнината од основањето, порача дека во иднина треба да се зголеми бројот на толкувачи на знаковниот јазик. Голем проблем е комуникацијата која не можат да ја остварат во секојдневниот живот, образованието, работата.
Стојановски рече дека овие лица се соочуваат и со проблеми во натамошното школување, со вработување, но и воопшто во секојдневниот живот. Секој инвалидитет има своја тежина и не треба да се занемари, треба да се работи сите да бидат исти.