Опозицијата обвинува за матни зделки, тендери и бизниси. Според ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ на чело со Заев е владетел на народните пари. Оваа реакција следува ден по информацијата дека фирмата на невенчаниот сопруг на министерката Мила Цароска, добила тендер од Град Скопје вреден 967.600 денари.
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски денеска ја повика Царовска да даде свој коментар за ситуацијата, која тој ја оцени како скандал.
„Георгиевски Горан кој е сопственик на фирмата ФЛАЈ КЕМ стана редовен добитник на тендерите и набавките од институциите додека неговата невенчана сопруга е министерка. Дали Мила Царовска молчи за овој скандал каде што добивале тендери со нејзиниот маж затоа што можеби следи нов скандал за набавка за воспоставување на систем за следење на загадувањето на амбиенталниот воздух во скопската котлина? Овој тендер е актуелен и тежи околу 5 милиони денари. Дали можеби и овој тендер од над 80.000 евра ќе припадне токму во семејството на Мила Царовска и нејзиниот невенчан сопруг?“, праша Арсовски на денешната прес конференција.