Бебе родено пред 16 дена сомнително на коронавирус, хоспитализирано во Козле

Во рамки на Детската болница Козле, функционира посебно Ковид одделение и болницата претставува Ковид 2 центар. Директорот на болницата, Ангелчо Андоновски, кој вчера преку видео врска разговараше со претседателот Стево…

Во рамки на Детската болница Козле, функционира посебно Ковид одделение и болницата претставува Ковид 2 центар. Директорот на болницата, Ангелчо Андоновски, кој вчера преку видео врска разговараше со претседателот Стево Пендаровски, рече дека во болницата се тестирани повеќе од 50 деца од кои четири биле позитивни на вирусот.

– Најмалите дијагностицирани деца биле на возраст од четири месеци, а најголемото на возраст од 15 години. Во моментов во болницата во Козле се хоспитализирани три деца кои се сомнителни на вирусот, меѓу кои е и бебе родено пред 16 дена. Децата кои заболуваат од вирусот, имаат лесни симптоми и поминуваат без никакви компликации, истакна д-р Андоновски и посочи дека тоа во најголема мерка е резултат на физичката дистанцираност, односно децата седат дома со своите родители и не посетуваат градинка или училиште.

Институтот за белодробни болести во Козле, според директорот Андоновски, и сега во овие вонредни околности, функционира без проблеми и има доволно медицински и немедицински кадар. Меѓу вработените досега нема лица заболени од вирусот КОВИД 19.


Related Articles