Елизабета Јанкова, 57-годишен дипломиран технолог денеска почина од компликации на коронавирусот. Таа беше здравствен работник во Центарот за Јавно Здравје – Битола каде повеќе од 35 години го помина својот работен стаж. Елизабета била активно вклучена во борбата против коронавирусот и несебично ги извршувала своите работни задачи.
-Не напушти по кратко боледување од корона вирусот. Нејзината позитивна енергија и гласна насмевка ќе недостига и на колегите, пријателите и семејството. Битолчани ќе ја паметат како насмеана, пожртвувана и ултрамодерна баба, напиша нејзината ќерка Андријана.
Елизабета Јанкова е втора жртва на Ковид-19 во битолското здравство, а пред една недела почина и медицинска сестра од одделението за Хирургија.