Петнаестгодишната Сара Настеска од Охрид заедно со своето семејство отпатува за Германија каде ќе почне нејзиното лекување, овозможено благодарение на многу хуманитарни акции спроведени низ целата земја.
Низ цела држава се поставуваа штандови, во секое кафуле, се одржуваа забави, дури и Зоолошката градина организираше парите од билетите да одат како дел од донација за младата Сара.
Трансплантацијата на коскената срж беше единствениот спас за целосно излекување и враќање во нормален живот на девојчето. Единствен сроден донор е нејзиниот двегодишен помал брат. Зафатот и лекувањето чинат над 200.000 евра во специјализирана детска болница во Германија, која нуди висока успешност со низок ризик а родителите не можат сами да ги обезбедат.
Додека граѓаните собираа пари за да се спаси животот на младата Сара, власта молчеше и не сакаше да помогне, изгледа во преден план им беа нивните луксузи отколку животите на младите. Поважно им беше милион ипол евра да потрошат на лубриканти, наместо да ги донираа за спас на животот на младото девојче.
Заев и Филипче треба да се засрамат бидејќи граѓаните со просечна плата од 12.000 денари направија напори за да се помогне на Сара. Заев треба да започне да ги исполнува ветувањата со кои се расфрлаше во предизборна кампања како што беше – „Ќе формираме Фонд за финансирање на лекувањето во странство на деца до 18 години кој ќе мора итно да ги носи неопходните одлуки, ослободени од политички и министерски притисоци. Така лекувањето на децата во Македонија нема да зависи од хуманоста на нејзините граѓани“– ова стои во таканаречената програма “План за живот“ на СДСМ на страна 142, а се однесува на сите оние на кои им е потребно лекување во странство.
Сепак детските животи не треба да гаснат поради неодговорноста на Заев и неговата влада.