По скандалот што вчера излезе во јавноста за претепаната медицинска  сестра од страна на менаџерот во „Козле“, започна по социјални мрежи да следат бурни реакции.

Имено за овој немил настан се произнесе на социјална мрежа со свој став и г-ѓа. Доктор ,Ленче Нелоска, поранешен потпретседател на лекарска комора на Македонија. Во својот  статус пишува дека

– Наместо пред институциите да одговара за физичко насилство и мобинг, менаџерот пред институциите брани магистерски труд . Насловот “Регрутација и селекција на кандидатите во ЈЗУ Козле Скопје со посебен осврт на административните работници” веќе делува како закана.

Ако претепаната медицинска сестра била регрутирана и селектирана од менаџерот, тогаш тешко на административците кога ќе му дојдат под рака.Како жена и како здравствен работник згрозена сум од овој настан, кој наместо да се разреши како во нормална земја со систем и институции, каде ваквите ликови не само што се судат и осудуваат, и немаат можност во иднина да се најдат на било каква раководна или јавна позиција, кај нас, настанот е на маргините или непостои.

Каде е неВЛАДИНИОТ сектор, за родови и човекови права да бара Правда и Мир? Каде се еснафските здруженија на медицинските сестри, Лекарската комора да се јават барем од пристојност? ШТАМА!!! Веројатно заедно со другите КВИСЛИНШКИ инсталации на СДС/ДУИ се на бранењето на магистериумот на менаџерот, да слушнат за современи методи на менаџмент и да го поздрават напредокот во неговата “ академска“ кариера. А за сите останати: Кој ќе преживее – ќе раскажува!

Додека министерот за здравство молчи и не сака да одговори на јавноста зошто досега менаџерот не одговарал пред законот, граѓаните започнаа бурно да реагираат. Можеби по ова и министерот ќе се јави и ќе одговори зошто дозволува вакви работи да се случуваат, а најстрашно да се премолчуваат.