Експертите јавуваат дека нова епидемија се шири кај децата. Шестгодишните деца се соочуваат со очни болести кои досега беа карактеристични само за повозрасните. Тоа е болест на суво око, која се јавува кај деца кои поминуваат премногу време гледајќи во екраните, од телевизор преку паметни телефони до таблети.
Последиците од болеста на суво око се јавуваат кога солзите не можат да обезбедат соодветно „подмачкување“ на очите. Оваа болест обично се јавува кај луѓето на возраст меѓу 50 и 60 години, а доколку не се лекува, може да биде исклучително болна со симптоми како што се уморни, црвени и чувствителни очи.
Пациентите го споредиле чувството со чувството на сечкање кромид, односно со постојано чувство на печење. Офталмолошката инженерка Сара Фарант, која е експерт за суво око, вели дека гледа се повеќе основци кои доаѓаат на нејзината ординација со ваква состојба. Таа делумно го обвинува времето поминато пред екран бидејќи гледањето во екранот драстично ја намалува стапката на трепкање.
-Кога ја отворив клиниката пред 15 години, немаше ниту едно дете кое се соочуваше со таква состојба. Меѓутоа, во последните пет-шест години гледам се повеќе деца со суво око. Мојот најмлад пациент имаше шест години, што порано беше незамисливо, објаснува Фарант.
Ако болеста на суво око не се лекува, може да доведе до неповратно оштетување на жлездите во очните капаци кои произведуваат солзи.