Приближно 40 жени секоја година умираат од рак на грлото на матката. Жените треба да прават превентивни прегледи како и ПАП тест со цел да се откријат клеточните абнормалности и ако има развиен рак тоа да биде во рана фаза. Во Македонија се уште мал број жени се вклучуваат во организираниот скрининг. Осум случаи на рак на грлото на матката се откриени од јануари до септември преку организираниот скрининг со ПАП тест.
Докторите посочуваат најчести новооткриени случаи се оние со рак на дојки, по што следат случаите со рак на матката, дебелото црево, белите дробови и желудникот.
– Изминатата година 30 лица починале од рак на грлото на матката, што е најнизок број споредено со последните десет години. Жените и посебно оние од ранливите групи треба да прават редовни контроли кај гинеколог за кои дел од ПАП тестирањата се бесплатни според превентивната програма за одредени возрасни група. Оваа година тоа се жени на возраст од 24 до 25 години, додека за догодина ќе бидат жени на возраст од 36 до 60 години, како и оние кои изминатата година не направиле такво тестирање.
Според добро упатените ракот на грлото на матката се појавува кај помладата возрасна група.
– Од вкупниот број регистрирани смртни случаи од рак на грлото на матката кој изнесува 30, има случај на млада жена која починала на возраст од 25 до 27 години. Во првите девет месеци од годинава биле направени 31.630 ПАП тестови. ХПВ вирусот е најчеста можна причина за појава на рак на грлото на матката кај возрасната група од 24 до 35 години, посочи таа, учествува со 41,6 проценти од вкупните клеточни абнормалности, што е многу висок процент, додека кај возрасната група од 36 до 60 години со околу 30 проценти.