Под целулит се подразбираат промените на сврзното и поткожното масно ткиво. Видлив е со голо око или со стискање на дел од кожата. Целулитот е составен од масти, токсини и вода.
Во борбата против целулитот, покрај соодветната нега, вежбањето, редовниот пилинг и масажите, треба да се внимава и на исхраната.
Најдобрите намирници кои ќе ви помогнат во ослободувањето од целулитот се:
Магдонос
На оваа неверојатно моќна билка луѓето често ѝ го вртат грбот одбегнувајќи ја но таа ќе направи многу повеќе за вас отколку само да ви ја украси чинијата. Го ослободува телото од токсини, делува како диуретик, помага да се исчистат вашите бубрези, спречува надуеност и задржување на вода. Да не зборуваме дека магданосот е богат извор на витамините А, Ц и Е, хранливи материи важни за здрава кожа и одличен борец против целулит.
Прокељ
Овој зеленчук, покрај витамин Ц, содржи супстанција наречена индол-3-карбинол (I3C) која, кога се внесува во организмот, се претвора во ди-индолил метан (DIM). Оваа супстаницја им помага на ензимите на црниот дроб да го блокираат производството на штетните материи кои се одговорни за губење на квалитетот на колагенот.
Јаткасти плодови
Знаеме дека веќе ги јадете поради тоа што се богати со есенцијални масни киселини, но јаткастите плодови се уште една намирница која помага да се намали појавата на целулит. Омега-3 масните киселини придонесуваат за здравјето на кожата и клеточната мембрана како двоен заштитник на вашето тело: Не само што ги блокира штетните соединенија како токсичните хемикалии, тие исто така ги задржуваат здравите елементи правејќи вашата кожа да изгледа помека и позатегната. Есенцијалните масни киселини исто така можат да ви помогнат да го одложите стареењето на кожата со намалување на природното производство на воспалителни состојки во телото.
Вода и лимон
Ако капнете неколку капки лимон (исцедете половина лимон) во чаша вода вие му помагате на вашето тело да го избрка целулитот на три начини: преку хидрирање, преку отстранување на токсините и преку внесот на витамин Ц. Вашата цел е да избегнете дехидрирана кожа која изгледа сува и е сува на допир, трнлива, растресите, а соодветно хидрирана кожа изгледа еластично, затегнато и мазно.
Брокула
Овој зелен зеленчук е одличен за борба против целулитот од три причини. Прво, брокулата содржи алфалипоична киселина која помага да се спречи зацврстувањето на колагенот. Второ, брокулата е концентриран извор на витамин Ц и одличен извор на диетални влакна. Трето, брокулата е еден од најдобрите немлечни извори на калциум кој е потребен за ослободување од целулитот.