Само за момент помислете на огромната количина талог од кафе која што секојдневно се фрла во ѓубре, без воопшто претходно да се размисли. Сепак, иако талогот од кафе е искористен, тој не е целосно потрошен! Од него останува уште многу материјал којшто може да го користите за да го подобрите вашиот живот.
Од талогот од кафе може да се направи средство за чистење, маска за коса и други корисни работи. Нема сомнеж дека кафето е најпопуларниот пијалок во светот, но многу луѓе не знаат дека неговите остатоци можат да бидат многу корисни. Ова се четири предлози како можете да го искористите талогот од кафе.
1. За чистење на шпоретот: Посипете го талогот на плочата, додадете малку детергент и исчистете. Соберете ги остатоците и плочата ќе блесне.
2. Маска за коса: Во талогот додадете малку кокосово масло и едно изматено јајце, а потоа нанесете сè на косата и оставете да делува околу 15 минути. Исплакнете и измијте како и обично.
3. Мравки: Ако имате мравки на тераса, само посипете го талогот по аглите и тие треба да избегаат.
4. Мириси: За да ги отстраните мирисите од фрижидерот, само ставете чинија со талог внатре.