Доктор Нико Беќаровски преку социјалните мрежи ги повика членовите на Комисијата за заразни болести да ревидираат дел од одлуките за новите мерки. Тој посочи дека тие луѓе кои го прележале коронавирусот веќе поминале една голгота и имаат имунитет. Да останеме тоа што најдобро го знаеме, доктори, а не политиканти, напиша тој.

Во продолжение го пренесуваме објавениот пост во целост:

– ПОЧИТУВАНИ КОЛЕГИ, ЧЛЕНОВИ НА ЗДРАВСТВЕНАТА КОМИСИЈА, Ве замолувам !!!

– На првиот состанок ревидирајте ја бесмисленоста на одлуката ЗА ВИСТИНСКИ ПРЕЛЕЖАНИТЕ ОД КОВИД-19 и 45 дена заменете ги со логичните 9-12 месеци. Тие луѓе веќе поминаа една голгота, ИМААТ ИМУНИТЕТ и не ги терајте со сила во прегратките на антиваксерските промотори.
– Одлуката еден ден по прва доза да се имаат сите права е медицински и епидемиолошки неиздржана и е погрешен начин за стимулација на вакцинацијата !!!! Драги колеги, да останеме тоа што најдобро го знаеме, ДОКТОРИ, а не политиканти !!!