Елеонора се бори со ретка генетска болест леукодистрофија која што се јавува кај едно од 100.000 раѓања во светот. Од дете со совршен развој, претходните пет години таа ги минува низ болничките ходници бидејќи не може да оди, да зборува, отежнато голта и има чести еполептични напади. Со помош на двата третмани со матични клетки направени од докторитие во турската болница Лив Хоспитал состојбата на Елеонора не прогресира, но се подобрува.

Затоа докторите препорачуваат што поскоро да се направи уште еден, трет третман со матични клетки очекувајќи уште поголемо подобрување на состојбата.

За целта да биде остварена потребни се над 20.000 евра, но ние нејзните родители не можеме без нејзината помош!
Ви благодариме однапред!

Буџет на проектот

Потребни се 19000 евра за трансплантација на матични клетки, но средствата кои што се потребни за авионски карти, хотелско сместување, физикална терапија, дополнителни дијагностички анализи, дополнителни медикаменти кој што ќе ги препишат од болницата се дополнителен трошок за кои што се уште не го знаеме точниот износ. Со закажувањето на третманот од страна на болницата ќе не информираат за точната сума и ние ќе ве известиме дополнително.

ЛИНК ЗА ДОНАЦИИ