Разгледувајќи ги огласите за јавни набавки, пред извесен период нашата редакција дојде до увид на неколку документи во кои има намерни или наменски пропусти, како и до тендерска документација која се подготвува и е наменета за одредена наменска компанија што е недозволиво и се одговара кривично. Тендерската документација треба да биде составена општо и со податоци за побарувањата да може да се пријават на истата повеќе понудувачи. Кога тендерската документација се прави со одредени спецификации да одговара само на тоа што може да го понуди една комапнија во тој случај се прекршува законот и се прави кривично дело, злоупотреба на позиција и доделување на јавни набавки во четири очи.
Станува збор за јавната набавка со број на оглас 05706/2019 која е веќе тргната од бирото за јавни набавки, а во која Министерството за здравство се појавува како побарател и отвара предмет за набавка на болнички кревети и ТВ приемници. Иако е јавна набавката во неа не е наведено која е проценетата вредност, јавната набавка ја отвара Министерството за здравство, но истата ја бара во име на ЗДРАВСТВЕНИТЕ УСТАНОВИ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА. Сомнежот дека станува збор за јавна набавка која се подготвува за одредена компанија се појавува поради фактот дека министерството во делот за правни, економски, финансиски и технички информации посочува дека НЕМА И НЕ САКА Гаранција на понудата.
Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот исто така не е приоритет за министерството за здравство во оваа јавна набавка бидејќи барањето е истото да биде само 5% и тоа ги задоволува критериумите на набавката како и на порачателот. Освен тоа јавната набавка во делот со болничките кревети има побарување од 1368 парчиња со одредена спецификација која што според барањата посочува само кон една компанија во Македонија.
Дали продолжуваат тендерите доделувани во четири очи продолжени преку бирото за јавни набавки за компаниите на Анѓушев? Дали незаконската печалба на Анѓушев од минатата година со Психијатриската Болница во Негорци продолжува и оваа година само во друга форма? Дали Филипче како колега од власта му „пушта“ тендер специјализиран и со спецификации на кои може само Брако на Анѓушев да одговори?
Од редакцијата пробавме во неколку наврати да исконтактираме со бирото за јавни набавки и да прашаме: Зошто јавна набавка која е објавена на 07.08.2019-та година е тргната и ја нема повеќе во системот да се провери? Кои се критериумите според кои може да се учествува на јавната набавка и како тоа владина институција не бара гаранција на понудата? Но, за жал од бирото за јавни набавки на телефоните кои ги имаат оставено за корисничка подршка и за поставување на прашања, никој не крена и не одговори.
Ги исконтактиравме и од Брако, компанијата која произведува болнички кревети. Пребаравме низ Македонија, каде се може да се најдат и кој се произведува болнички кревети, има повеќе понуди, како од Медикус плус, така и од Шпенди, но истите се како готови понуди со фиксни димензии и повеќе типови на кревети, само од Брако добивме одговор дека можат да изработат болнички кревети по порачка според наведената тендерска спецификација и документација. Со тоа се поставува прашањето: Дали јавната набавка која е скриена од очите на јавноста, тргната од регистарот на јавни набавки во бирото е наменета и подготвена само за Брако?
Дали е ова само уште една од низата манипулации на јавноста, граѓаните, пациентите за богатење на одредени поединци кои се дел од актуелната власт?