Мораме да ви го откриеме овој мит, затоа што е навистина вкусно!
Сите сакаме во текот на денот да изедеме една шака суви сливи, брусница, кајсии… Секако, ова е сигурно исправна одлука, бидејќи на крајот на краиштата тоа е само овошје, кое е многу подобро од чоколадо. Но, дали е можно да живееме во незнаење дека и сувото овошје всушност не е добро за нас?
Зошто не е добро: Сушеното овошје во основа е свежо овошје на кое му е одземена целата вода. Поради отстранетата вода, секое парче овошје е многу помало, што значи дека ќе мора да јадете многу повеќе сушено доколку сакате да го постигнете истото чувство на ситост како со свежото овошје. Размислете на овој начин: во чаша можете да ставите многу повеќе суво од свежо грозје. А митот дека сувото овошје содржи многу повеќе шекер од свежото овошје поради дехидрираност во никој случај не е вистина. Едноставно ќе консумирате повеќе овошен шекер од чаша суво грозје отколку од чаша свежо грозје, бидејќи многу повеќе сушено овошје може да собере во чашата. Сосема логично.
Зошто е добро за вас: Тоа е сè уште многу поздрава опција за ужинка од чипс и чоколадни колачиња. Здравите калории и растителните влакна веднаш даваат енергија, па спортистите често земаат сушено овошје за време на тренинзите. Накратко, јадете суво овошје во умерени количини – препорачаната порција е четвртина чаша – и купете го без додаден шекер, ќе бидете во прилично добра форма.