Дали Филипче тоа што го спроведува во самото министерство, Владата е запознаена. Имено да се потсетиме дека пред месец дена на прес конференција на Владата, портпаролот Миле Бошњаковски беше запрашан од новинарите дали е точно дека имаат преговарано со Жан Митрев за преземање на Детската Кардиохирургија?
На ова прашање Миле Бошњаковски одговори дека владата и самото министерство за здравство не преговараат со никого за преземање на детската кардиохирургија посебно не со Жан Митрев.
Кој лаже? Или пак Филипче ја нема известено самата влада за своите планови. Бидејќи Филипче информираше дека се разгледува опцијата за јавно-приватно партнерство со приватната установа Клиника „Жан Митрев“, поранешна „Филип Втори“, за да се искористи добриот инфраструктурен капацитет што го има болницата.
Во комуникација со одговорните од Клиниката „Жан Митрев“, одговорија дека тие од клиниката веќе стапиле во контакт и разговарале со министерот за здравство, Венко Филипче за можноста детска кардиохирургија да се префрли на нивната клиника.
Префрлувањето на детската кардиохирургија во приватната Клиника подразбира дека Фондот за здравствено осигурување треба да ги покрива средствата за ваков вид на операции. Како што информираат од Клиниката „Жан Митрев“, истата со Фондот за здравствено осигурување има договор за детска кардиохирургија, повеќе од 18 години и како што велат работат детска кардиохирургија на деца постари од една година.