Денес, 5-ти мај е Ден на македонскиот јазик. На 16 април 2019-тата година Владата го прогласи овој ден за Ден на македонскиот јазик. Истиот е прогласен во чест на 5 мај 1945 година кога Народната влада на Народна Република Македонија ја усвоила азбуката на македонскиот јазик како официјално писмо. Тогаш е озаконет и првиот правопис со кој беше стандардизиран македонскиот јазик.
Азбуката е создадена на 3 мај 1945. Процесот на создавање на азбуката бил долг и не бил лесен. Тоа го опишал и Блаже Конески. Имало две комисии, според некои три, и не се согласиле сите одеднаш.
На 2 август 1944 делегатите на Првото заседание на АСНОМ го прогласиле македонскиот јазик за официјален во македонската држава. На 3 мај 1945 е усвоена македонската азбука, а на 7 јуни е усвоен македонскиот правопис, со што се стандардизира македонскиот јазик и станува јазик на државата Демократска Федерална Македонија.