Денеска е потврден прв случај на „стелт омикрон“ во Србија

Денеска во Србија е потврден првиот случај на коронавирусот „стелт омикрон“. Присуството на стелт омикрон кај два примероци на пациенти од Нови Пазар е потврдено со техниката на секвенционирање на…

Денеска во Србија е потврден првиот случај на коронавирусот „стелт омикрон“. Присуството на стелт омикрон кај два примероци на пациенти од Нови Пазар е потврдено со техниката на секвенционирање на Медицинскиот факултет.

Присуството на оваа подваријанта, како што се наведува, е присутна во повеќе од 50 земји, меѓу кои и Македонија.

Што се однесува до симптомите, се наведува дека се уште не се знае дали има разлики во однос на првата подваријанта на омикрон, БА.1, дали дава потешка или полесна клиничка слика, дали е полесно да се избегне вакцина или природен имунитет.

Сепак, како што се напоменува, се претпоставува дека е слична на претходната подваријанта.


Related Articles