Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 3.561 тестирања, а регистрирани се 242 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 173, Прилеп – 12, Битола – 10, Кавадарци – 9, Куманово – 6, Гевгелија – 5, Велес – 4, Тетово, Гостивар, Охрид, Струмица и Струга – по 3, Кочани и Делчево – по 2, Кичево, Крива Паланка, Дебар и Валандово – по 1.
Регистрирани сe 247 оздравени пациенти од: Скопје – 101, Битола – 19, Прилеп и Струмица – по 15, Охрид и Валандово – по 11, Тетово – 10, Куманово и Ресен – по 9, Кавадарци – 8, Велес и Кочани – по 5, Крива Паланка и Виница – по 4, Кичево, Штип, Радовиш и Македонски Брод – по 3, Гевгелија и Пробиштип – по 2, Струга, Свети Николе , Кратово , Богданци и Демир Хисар – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 6 починати лица: 2 починати лица од Скопје (71г и 87г), и едно починато лице од Кавадарци (84г), Охрид (72г), Струга (74г) и Ресен (80г). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Направени се 3.561 тестови преку: ИЈЗ-45, ЦЈЗ Скопје-0, ЦЈЗ Битола-0, ЦЈЗ Прилеп-0, ЦЈЗ Тетово–0, ЦЈЗ Куманово-17, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–0, Жан Митрев (Филип Втори)-197, Авицена-0, Биотек-150, Систина-102, лабораторија Лаор-0, Синлаб-0, Ремедика-0, Плодност-0, Генеа-0, Никоб лаб-476, ВФВ Медикал-71, Ели Медика-51, Ројал Медика–0, Спектра-ММ-0, Рапид Лаб–28, Жан Митрев Струмица–0, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.424.
Досега во земјата се направени вкупно 1.611.793 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 225.972, бројот на оздравени пациенти е 213.174, на починати е 7.981, а бројот на активни случаи изнесува 4.817.