Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 1.192 тестови, а регистрирани се 48 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 42, Кавадарци – 3, Гостивар – 2 и Прилеп – 1. Од вкупниот број на позитивни (48), регистрирани се 7 реинфекции.
Регистрирани сe 253 оздравени пациенти од: Скопје – 169, Куманово – 17, Битола и Прилеп – по 13,Кавадарци – 10, Гевгелија – 5, Струмица – 4, Тетово, Ресен и Виница – по 3, Велес, Гостивар и Кочани – по 2, Кичево, Неготино, Радовиш, Валандово, Богданци, Македонски Брод и Демир Капија – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, се регистрирани 2 починати лица од: Струга (64г) и Прилеп (63г), сите лица се починати во болнички услови. Од вкупниот број на починати лица ( 2 ), кај сите лица се регистрирани коморбидитети.
Досега во земјата се направени вкупно 1.955.058 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 305.114, бројот на оздравени пациенти е 294.072, на починати е 9.208, а бројот на активни случаи изнесува 1.834.