Лајонс клубот Свети Пантелејмон – Скопје денеска во Меѓуопштинскиот центар за социјална работа на Град Скопје ќе ја спроведе традиционалната Божикна хуманитарна акција.
Од таму информираат дека ќе бидат поделени пакети со храна за 30 социјално загрозени семејства од општини во Скопје.
Акцијата е во соработка со Меѓуопштинскиот центар за социјална работа на Град Скопје, кој ги одредува семејствата кои ќе добијат помош.