Со ниските температури надвор, сè потешко нѝ паѓа да не го вклучуваме греењето пред да отидеме на спиење и дополнително да ја загрееме собата.
Поради ваквата навика, докторите предупредуваат дека греењето на просториите во кои спиеме може да го отежне спиењето и да предизвика немирен сон. Сето ова се случува бидејќи нашето тело се бори со температурните промени, но всушност е многу подобро да ја разладите спалната соба пред да се “вовлечете” под прекривката.
“Се препорачува спалната соба да има температура од 18 Целзиусови степени, но таа температура за многумина е премногу студена. Најдобро е да се концентрирате на тоа собата во која спиете секако да биде постудена од остатокот од домот”, советува експертот за сон, Џејмс Вилсон.
“Многу поважна температура е онаа помеѓу чаршафот и прекривката – таа треба да биде помеѓу 27 и 29 степени”, додава тој.
Топлото опкружување го нарушува квалитетниот сон, а вештачкото грееење може да направи хаос во организмот. Врелиот и сув воздух може да ве дехидрира и да му оневозможи на организмот да се бори против инфекциите.
Ако го оставите греењето вклучено цела вечер, наутро може да се разбудите жедни и со сува уста.