Кога некој не успева да ги реши работите на соодветно ниво и онака како што е најдобро за граѓаните и пациентите а поставен е да биде одговорен и на јавна функција, посебно ако е директор на ФЗОМ, во тој случај се се сведува на експерименти со граѓаните и пациентите. Ќе ја пробаме оваа варијанта, ако не успее со квотите тоа ќе воведеме друго и се така до крај на мандатот а се ветуваа баснословни промени и подобро здравство, повеќе достапни лекови на позитивните листи. Сето тоа било само една гооолема приказна за да се дојде до власт, а сега кога истата се практицира нема ни П од промените кои се најавуваа и од подобрувањата кои се споменуваа.- коментираат пациентите по социјалните мрежи
Сега со ијзава после толку прозивки се одважи и директорот на ФЗОМ, Ден Дончев кој посочи: Не се согласуваме дека во аптеките нема лекови на товар на Фондот за здравство по 5-ти во месецот, како што се презентира во некои анкети и во медиумите, дека толку рано ги снемува лековите. Еве, од мартовската квота потрошени се околу 75 отсто од лековите на рецепт, а до крајот на месецот има уште околу 25 отсто, според нашите податоци
Од Сојузот на здруженијата на пензионери, се вели дека бараат бројот на лекови на рецепт да се зголеми и да ги има во сите аптеки во текот на целиот месец, „за да не одиме од една во друга аптека и да бараме лекови. Некаде по 10-ти и 15-ти во месецот ни велат „има лекови, ама не на товар на Фондот, купете ги приватно“.
Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Ден Дончев, вели дека за една милијарда денари е зголемен буџетот за лекови – од 1,8 милијарда денари во 2009 година на 2,8 милијарди денари во 2018 година.
– Проблемот со достапноста на лековите на товар на Фондот за здравство не е едностран. Секоја година се зголемува буџетот за лековите на товар на Фондот, а бројот на осигурениците не се зголемува, дури и се намалува, па сега има неполни 1,8 милиони осигуреници. Очигледно, нешто не штима во системот, бидејќи сегашните решенија не дозволуваат комплетен увид во препишувањето и издавањето лекови. Несфатливо е и покрај зголемувањето и на годишните буџети за лекови, а следствено на тоа, и на бројот на издадени рецепти – од 15 милиони во 2009 година на 23,67 милиони во минатата година, повторно да се јавува недостиг од лекови во аптеките. Или можеби го нема лекот во центарот на градот, но го има во аптеката во населбата каде живее осигуреникот – тврди директорот Дончев.
– „Лекот“ за лековите на рецепт е систем без квоти, само под услов да има строга контрола и увид и да сме 100 отсто сигурни во веродостојноста и валидноста на секој поединечен рецепт. Ако тоа го постигнеме, нема да има потреба од месечни квоти во аптеките. Тоа ќе го постигнеме со воведување електронско здравствено досие за секој осигуреник, на кој веќе почнавме да работиме. Таму го гледам решението за оптималната достапност на лековите, а овој систем ќе биде комплетно воведен за 3-4 години. Тоа значи дека Фондот ќе има комплетен увид во препишаните и издадените рецепти – вели директорот Дончев.
Повторно на крај се сведува дека пациентите и граѓаните се виновни за неуспешните реформи или неуспешно изреализираните ветувања на сегашната власт, во никој случај тоа не се неспособноста или неквалитетот на поединците, директорите, министерите – коментираат граѓаните на изјавите од Ден Дончев по социјалните мрежи