Др.Даниловски: Лицата над 75 да се заштитат, а се друго да се пушти да го прележи вирусот

Во денешното гостување на една од нашите тв куќи, инфектологот Драган Даниловски предложи неколку препораки за тоа како треба граѓаните и владите понатаму да се однесуваат кон пандемијата од ковид-19…

Во денешното гостување на една од нашите тв куќи, инфектологот Драган Даниловски предложи неколку препораки за тоа како треба граѓаните и владите понатаму да се однесуваат кон пандемијата од ковид-19 која повторно ја покажува својата сила. Според неговата изјава лицата над 75 спаѓаат во најранлива група и најподложни се на ризик, а можат и многу полошо да поминат доколку се заразат со ковид-19, споредено со децата на 15 годишна возраст.

– Треба да се заштити најранливата категорија – тоа се овие лица над 75 години кои 10.000 пати се изложени на поголем ризик лошо да поминат отколку деца од 15 години. Се друго треба да се пушти да го прележи вирусот или оние кои сакаат да се вакцинираат – да се вакцинираат, посочи д-р Даниловски во своето гостување.


Related Articles