ВМРО-ДПМНЕ денеска организираше трибина со наслов „Состојбите во здравството“. На трибината присуствуваа Др.Ристо Симеонов, Др.Билјана Лозановска, Др.Миленко Костов, Др.Марија Јовановски Срцева и Др.Игор Николов. Доктор Костов обрна внимание на високата стапка на смртност со која се соочи Македонија и посочи дека причината за ваквата ситуација е отсуство на менаџмент кој доведе до една голема конфузија, неадекватно известување и транспарентност од страна на институциите на здравствениот систем кон населението.
– Оваа пандемија отвори многу јавно здравствени аспекти, а битно е да се знае дека на самиот почеток и Светската здравствена организација прилично тешко почна да се справува, стана недоследна на почетокот, а потоа конфузна бидејќи испраќаше различни и двосмислени насоки и соопштенија, за да брзо после тоа одлучи да го трансферира целиот менаџмент на пандемијата на локалните здравствени системи, односно секоја држава да си се справува како таа мисли понатаму. Е, сега кај нас тоа е во ситуација на отсуство на тој еден магичен менаџмент, се доведовме во една голема конфузно, неадекватно известување и транспарентност од страна од на институциите на здравствениот систем кон населението. И ова е една од причините за жал за една трагедија која што не снајде и оваа енормна висока стапка на смртност. Кај нас на пример немаше протоколи за лекување тоа што го зборуваме, речиси по две години тие се донесоа сега скоро. И ако претходно Комисијата за заразни болести во чија надлежност се носење на овие протоколи често пати носеше политички одлуки бидејќи тие мораа да бидат и потврдени од самата влада, истакна доктор Миленко Костов на денешната трибина насловена „Состојбите во здравството“ организирана од ВМРО-ДПМНЕ.
Доктор Костов потсети на дадената дозвола за одржување на свадбени веселби на затворено токму во моментите кога Делта сојот беше актуелен. Исто така додаде и дека во светот многу се вложуваше во обуки на персоналот, а кај нас ниту се имаше доволно заштитна опрема, ниту се обучуваше здравствениот персонал.
– Немавме ниту доволно простор и логистика за сместување на болните пациенти. Модуларните болници помпезно беа поставувани, а испадна дека имаат несоодветна канализација, немаат ниту греење, сега не би сакал да се навратам на трагедијата од 8-ми септември со модуларната болница во Тетово“, појасни доктор Костов.
Посочи дека македонското здравство во текот на пандемијата се доведе во една ситуација да зависи од моментална инспирација на поединци. Да не беше максималното и несебично залагање на сите здравствени работници ќе имаше уште поголема смртност. Според него во наредната фаза треба доста внимание да се обрне на рехабилитација, и на болните кои што веќе го прележале КОВИД-19.
– Во Комисијата за заразни болести седат лекари, и на нивна совест останува каква одлука ќе донесат, дали таа ќе биде политички мотивирана или пак ќе биде медицински мотивирана, порача доктор Костов.