Др.Петличковски: Во многу подобра ситуација сме од пред две години, се очекува да имаме блага пролет

Во многу подобра ситуација сме од пред две години и се движиме кон ендемска форма на оваа болест. Со околу 70 или 80 проценти имунизирано население, се очекува да имаме…

Во многу подобра ситуација сме од пред две години и се движиме кон ендемска форма на оваа болест. Со околу 70 или 80 проценти имунизирано население, се очекува да имаме блага пролет и да подзаборавиме на ковидот. Не можеме да предвидиме како ќе биде следната зима и дали ќе има сезонска вакцинација за корона како за грип, посочи д-р Александар Петличковски, претседател на Комисијата за заразни болести.

Во вчерашното гостување на една од нашите тв куќи тој рече дека е рано да ја прогласиме пандемијата за завршена и да кажеме дека омикрон ќе биде последната варијанта на вирусот.

– Ќе има и други варијанти, но има повеќе други параметри кои укажуваат дека пандемијата спласнува со интензитетот односно со ризикот што го носи по здравствените системи и по индивидуалците. Но, сѐ уште трае и денес сѐ уште умираат луѓе заразени со омикрон за кој велиме дека има многу поблаг тек. Претпоставките се дека пандемијата постепено ќе добие ендемски вид, што значи дека вирусот ќе продолжи да биде меѓу нас, но ќе се појавува во одредени групи, држави, популации и не се очекува да има вакви сериозни импликации односно толку голем број смртни случаи, рече Петличковски.

Тој вели дека новиот состав на Комисијата што ја предводи си зел задача да ги дефинира начините на кој ќе се сумираат бројките на починати и ќе се презентираат пред јавноста.

– Никој не лажира и не измислува бројки и никој не би зел одговорност да подметнува бројки. Методологијата по која се запишуваат починатите подложи на дискусии и промени како и сѐ околу ковид, зашто тој е предизвик со кој се соочуваме во моментов, истакна претседателот на Комисијата.

За да се постигне колективен имунитет што ќе гарантира дека вирусот нема да се шири, д-р Петличковски рече дека зависи од вирулентноста на вирусот и дека кога станува збор за омикрон, веќе е малку 70 отсто вакцинирани, туку процентот се приближува до 90.


Related Articles