Изминатиов период со почетокот на есента и честите промени на временските услови, вирусите се оние кои може да се рече дека водат 1:0 во борбата со здравјето на луѓето.
Лекарот по општа медицина д-р Бојан Трајковски, на својот Фејсбук профил, посочи дека стомачниот вирус е присутен во воздухот, а ги објави и симптомите кои најчесто се појавуваат. Тој порачува дека потребна е изолација, внес на повеќе течности и лесна исхрана. Пробиотиците би требало да се неизоставен дел од секојдневието, спазмолитиците да се користат по потреба, а доколку се соочите со покачена температура, секако внесувајте и антипиретици, објаснува докторот.
Во продолжение го пренесуваме неговиот пост во целост:
– Симптомите се многу силни стомачни болки, грчеви страшни, силна треска, температура до кај 39, честа дијареа, нагони на повраќање…Нема што нема од симптоми! Влезе ли у фамилија ги проаѓа сите, вели Трајковски.
– Изолирајте се, течности што повеќе, лесна храна, пробиотици уште од сега, спазмолитици по потреба, антипиретици и во крајна нужда и инфузиона терапија. Држи неколку дена па затоа трпение, одмарање и без паники!, додава тој.