Музички неделен ден за децата пациенти на Клиниката за детски болести. Македонскиот музичар Дуке Бојаџиев, кој долги години живее и работи во Њујорк, денешниот ден го помина со пациентите на Детска клиника. Одржа два мини хуманитарни концерти – едниот на хематоонколошкиот оддел а вториот за болните деца од одделот за пулмологија. Со кларинетот го придружуваше Исмаил Лумановски.
-Неделно попладне поминато со најмилите и најмладите на Клиниката за педијатрија со звуците од песните на Дуке Бојаџиев.
Благодарност до Дуке Бојаџиев и Исмаил Лумановски за хуманитарниот мини концерт кој денеска го одржаа на педијатрија за нашите мали херои, напиша на својот фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче, кој и самиот присуствуваше на Клиниката за детски болести.