Експертите потврдуваат, ова е најчестиот симптом кој се јавува кај заразените со Ковид-19

Пулмолошкиот институт при Медицинскиот центар „Шаре Зедек“ во Ерусалим во неделата ги објави извештаите од истражувањето со пациенти кои боледувале од COVID-19 и имале од умерено до сериозно боледување. Додека…

Пулмолошкиот институт при Медицинскиот центар „Шаре Зедек“ во Ерусалим во неделата ги објави извештаите од истражувањето со пациенти кои боледувале од COVID-19 и имале од умерено до сериозно боледување.

Додека земјите ширум светот се соочуваат со многу нагло зголемување на бројот на заразени со новиот коронавирус, многу медицински експерти веќе со месеци ги проучуваат пациентите кои оздравеа од болеста COVID-19 за да откријат како таа го напаѓа човечкото тело.

Истражувањето покажа нешто ново што сите треба да го знаеме: околу 50 отсто од пациентите кои боледувале од COVID-19 почувствувале општа слабост на телото по борбата со вирусот, без разлика дали имале полесна или потешка клиничка слика.

Најмалку половина од КОВИД пациентите и понатаму патат од општа слабост и потешкотии со дишењето со недели, па и месеци по оздравувањето, покажуваат прелиминарните резултати од израелското истражување.

И пациентите со полесна клиничка слика може да имаат долготрајно оштетување на белите дробови, додека оние со потешка клиничка слика не мора нужно да имаат слични потешкотии, велат експертите.


Related Articles