Аптеките во главниот град во последниве денови информираат дека е значително зголемен интересот на граѓаните за да купат заштитни маски.

Многу градови низ Македонија, вклучувајќи го и главниот град Скопје секој ден се задушуваат од загадениот воздух. Шесте нови мерни станици на волонтерската мрежа „Скопје Пулс“ пак регистрираа екстремно висок степен на загадување, додека дел од станиците на Министерството за екологија и натаму уште од средината на август не функционираат. Според последните информации освен мерната станица во Гази Баба, Лисиче не работи и во Велес . Но има и одредени информации кои не се официјални и најавија дека во дефект била и мерната станица во Битола. Дали е случајност или не се уште не се знае. Но како резултат на алармантното загадување, граѓаните од страв не ги отвораат и прозорците за да ги проветрат просториите.