Фејсбук, како место каде најлесно се шират лажните и непроверени вести од нерелевантни извори, благодарение на многубројните групи, воведоа нова алатка за одговорно однесување, која се однесува првично на администраторите на големите групи, а потоа и за секој поединец.
Во своето детално упатство тие ги објавија досегашните препораки за превенција, кои веќе ни се добро познати. Во случај сè уште да не ги знаете наизуст, можете да ги прочитате повторно ТУКА.
Во советите, тие додаваат и дека маските треба да ги носат здравствени работници кои се изложени на заразата, здрави луѓе кои се грижат за болни и оние кои кашлаат и киваат, за да спречат тие да заразат некого.
Фејсбук наведува и дека сосема е нормално да се чувствувате исплашено, анксиозно и да бидете под стрес. Свесни дека самата социјална мрежа е одлична подлога за развој и ширење на непроверени информации, покрај алатките за детектирање на таквите, нудат и совети како да се спречи ширењето паника и параноја, особено во „заедниците“ како што се групите кои бројат многу членови.
Ако сте администратор на фејсбук-група или фејсбук-страница, вие во дадениов момент имате одговорна улога, а од Фејсбук советуваат да:
– Вклучите одобрување на објави или пак, повнимателно да ги следите корисниците кои интензивно објавуваат непроверени информации
– Вклучете „keyword alert“ за да можете да реагирате доколку ситуацијата излезе од контрола
– Модерирајте ја страницата на начин што ќе филтрирате одредени зборови и фрази пред да бидат видливи за целата заедница
– Споделувајте само проверени, релевантни и кредибилни информации
Целото упатство на Фејсбук можете да го прочитате ТУКА.