Владата подготвува измени на законската регулатива за пензионирање со цел да се ослободат работни места за младите, при што во пензија ќе мора да се оди со навршени 62 години з жени и 64 години за мажи. Меѓутоа, министерот за здравство Филипче најавува дека во здравството ќе се бара начин можноста за продолжување на работниот век до 67 години да остане, преку интервенција во Законот за здравствена заштита.
-Паралелно на промената на законот за работни односи ние спремаме измена на законот за здравствена заштита, со тоа што на барање на јавно-здравствеана установа, тогаш кога станува збор за дефицитарен кадар од одредена специјалност, или особено кога се работи за наставници кои се ментори на млади специјализанти, ќе може да се продолжи со работа до 67 година. На некој начин планираме да им дозволиме на лекарите кои што се врвни експерти во своите области, кои се многу битни како во едукација на младите, така и во давањето врвна стручна помош во смисла на медицинска услуга на пациентите, да го продолжиме времето на работа, изјави Венко Филипче, министер за здравство.
Филипче потенцираше дека од пред неколку месеци во Здравствениот дом во Битола функционира систем во кој матичните лекари се вклучени во дежурствата.
– Од пред неколку месеци во рамките на Здравствениот дом функционира систем во кој матичните лекари се вклучени во дежурствата. Во сабота, а ќе разговараме и за недела кој е проблем како неработен ден, матичните лекари да се вклучат во Службата за итна помош во Здравствениот дом во Битола и на тој начин значајно да се олесни пристапот на сите жители од регионот до здравствените услуги.