Филипче до пензионерите во Битола: Со укинатите квоти нема потреба да стравувате дека лек за вас нема да има, вие продолжете да се лечите!

„Овозможивме достапни лекови во секое време. На Вас сега ви е олеснето многу, за да не стравувате дека некој друг ќе ви го земе лекот, да бидете спокојни. Терапијата имате…

„Овозможивме достапни лекови во секое време. На Вас сега ви е олеснето многу, за да не стравувате дека некој друг ќе ви го земе лекот, да бидете спокојни. Терапијата имате текот на целиот месец, дали тоа е во почетокот, на средина или кон крајот на месецот“, им објасни министерот Филипче на пензионерите од Битола.

Тие  ја поздравија мерката на Министерството за здравство за укинување на квотите за лекови на рецепт и дискутираа за активностите кои се преземаат во градот Битола за унапредување на здравствениот систем.

„Ги подобруваме условите во здравствените установи. Во Здравствениот Дом во Битола пред еден месец ја пуштивме во употреба комплетно реновираната Служба за итна медицинска помош. Во завршна фаза е проектот за реконтрукција на кровот, како и проектот за изградба на „Натстрешница“ за заштита на возилата на ИМП. Зајакнати се капациентите во здравствените установи. Во Клиничката болница реализирани се 134  вработувања, во Здравствениот дом 44 вработувања“, потенцираше министерот Филипче.

Министерот Филипче ги информираше пензионерите дека се подобруваат условите и во Клиничката болница. Реновирани се болничките соби и амбулантскиот простор во Службата за дерматовенерологија и во тек е темелна реконструкција на санитарниот jазол, бањата и дневната болница во Службата за педијатрија, се наведува во соопштението од Министерството за здравство


Related Articles