Министерот за здравство Венко Филипче посочува дека не знае за случајот од пред неколку дена кога Основното јавно обвинителство за организиран криминал повело истрага против една приватна болница за фиктивна наплата на кардиоваскуларни интервенции од Фондот за здравствено осигурување и дека за тоа разбрал од медиумите.
„Министерството за здравство стои на располагање на Обвинителството за сите потребни информации“, рече Филипче.
Фондот за здравствено осигурување не знае за што станува збор тие посочуваат дека имаат договор само со две клиники и тоа Аџибадем Систина и Клиника Жан Митрев, Во текот на викендот се огласи и министерот кој посочи дека информациите до кои дојдовме иако потврдуваат за преговори за префрлање на детската кардиохирургија во рамките на клиниката Жан Митрев, дека истите не се точни, од тоа немало ништо.
„Ги демантиравме информациите дека веќе е склучен договор. Сè уште ги разгледуваме најдобрите можни решенија и размислуваме во преговорите да ја вклучиме и Аџибадем Систина“, рече Филипче.