Денеска министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференцијата истакна дека бил информиран дека во моментов во нашата земја нема тетанус, но истовремени потенцира дека истиот е обезбеден и ќе пристигне во сите амбуланти и здравствени установи во текот на идната недела поточно понеделник или вторник.
„Ме информираа дека во моментов нема тетанус, но истиот е обезбеден и очекувам да биде дистрибуиран во текот на идната недела“, рече Филипче кој истакна дека немањето на тетанус е поради тоа што компанијата не го обезбедила во временскиот рок.