Филипче при гостување на емисија во еден од телевизиските медиуми запрашан од страна на водителот дали го оправдува протестот на лекарите тој одговори дека ова прашање е исто така важно. Стигнаа до мене реакции имавме неколку средби со претставниците на синдикатот. Понатаму за утре веќе закажавме и состанок со претставници на Град Скопје меѓутоа морам да потенцирам дека проблемот има своја сторија бидејќи има многу пати до сега е менуван концептот како функционира паркингот во рамки на Клиничкиот центар. И ниедно од тие решенија не е соодветно.
Навистина мал број паркинг места со кои што располагаме,а огромна е фреквенцијата на возила кои што влегуваат и излегуваат. Аргументацијата за подигање на цената од страна на Градот Скопје се дестимулативни мерки во однос на користењето на автомобили и поголемо користење на јавниот превоз што секако кога зборуваме за аерозагадување има некоја логика, потенцира Филипче.