Министерот за здравство, Венко Филипче повторно со „генијална идеја“. Тој за време на посетата на општина Пробиштип го посети и Здравствениот дом. Со градоначалникот Драган Анастасов биле и во Здравствениот дом „Нада Михајлова“, и разговарале за проблемите, за недостаток на опрема и кадар, како и за начинот и можностите за нивно надминување.
Градоначалникот на општина Пробиштип во разговорите акцент дал на можностите и потребите за преадаптација на еден дел од Здравствениот дом во Дом за стари лица, а министерот за здравство истакнал дека веќе е постигнат првичен договор, заедно со министерството за труд и социјална политика за реализација на овој проект кој е од големо значење не само за Пробиштип, туку и за целиот регион.
Здравствените работници од Пробиштип пак со бурни реакции. Во оваа здравствена установа велат има простор кој може да се искористи, има опрема, а идејата на лекарите е истиот да биде дневна болница зошто за кратко време ќе има целосна екипираност. Има специјалисти по кардиологија, неврологија, биохемија, педијатрија. Ако веќе ги има во Пробиштип, зошто граѓаните да патуваат во други градови, кога можат да бидат згрижени во здравствената установа во своето место, реагира медицинскиот персонал.
Дополнително на ова, велат тие, доколку дел од просториите од здравствениот дом се отстапат на министерството за труд и социјална политика, не само што ќе мора да патуваат пациентите, туку и лекарите специјалисти ќе треба да бараат работа надвор од Пробиштип.
Но, нивните сомнежи одат и понатаму. Тие проценуваат дека за да се пренамени во дом за нега на стари лица ќе треба многу работа, пари, време, а се сомневаат дека тоа ќе успеат да го направат наскоро. Веројатно просторот само ќе се предаде од министерство за здравство на труд и социјална политика, и тука ќе сопре целата работа.
За што ќе го користат потоа времето ќе покаже, велат упатените во состојбата на здравствените установи. И така Филиче ќе покаже дека не му е грижа за здравството, туку за спроведување на плановите на владата предводена од СДСМ чии идеи имаат малку поврзаност со интересите на граѓаните.
Како и секогаш Филипче ќе ги стави интересите не партијата која го направи министер и нејзиното челство пред интересите на граѓаните. Кога можеше да му биде сеедно и да не бере гајле за граѓаните на Скопје, за граѓаните на цела Македонија преку негрижа за клиничкиот центар што трае и во моментот, клиничкиот центар сеуште тоне во ѓубре, тогаш што останува за граѓаните на Пробиштип.
Не се бира најсоодветното решение со Филипче како министер никогаш, бидејќи нели тој „нема“ советници, „сам“ работи па, поради тоа секогаш решението е донесено вон сите нормални размислувања и секогаш во најголема штета на граѓаните. Тоа е нашиот волшебен министер Филипче (Вилипче) – посочија вознемирените граѓани на Пробиштип од ваквата реакција и одлуки на министерот.